петок, март 29, 2024
АктуелноНаш ИзборНаш изборОхрид

Тоше Ончев нов ракометар на ГРК Охрид

Маестрото на левата бековска позиција потпиша 3 (три) годишна верност со нашиот клуб
👉Ончев доаѓа од Тримо Требње (Словенија), а пред тоа 25годишниот лев бек својата кариера ја градеше во Вардар Јуниор, Вардар, Пелистер, Вернулт и Ст.Марсел Вермон(Франција), Керкира (Грција) и РК Работнички.
📢”Прво пред се голема благодарност до клубот и управата за довербата што се одлучија за мене да ме доведат во своите редови.
Кога ми се јавија да преговараме, ми го кажаа проектот за во иднина и тоа ме привлече да се вратам назад во мојата родна земја.
Се надевам на големи успеси и излез во европа за наредна сезона” – изјави Ончев на својата презентација.