АктуелноОхрид

Пецаков: Со голема радост ја примивме веста за Автокефалноста на нашата најсвета МПЦ-ОА, искрени честитки до сиот православен македонски народ

Со голема радост ја примивме веста за Автокефалноста на нашата најсвета МПЦ-ОА.
Најнапред би сакал да упатам најискрени честитки до Неговото Блаженство Архиепископот г.г. Стефан и на Светиот Архиерејски Синод на МПЦ-ОА, како и на нашиот многупочитуван Митрополит г. Тимотеј.
Искрени честитки и до сите наши сограѓани и до сиот православен македонски народ, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков.

 

извор: ФБ Кирил Пецаков

фото: ФБ Кирил Пецаков