АктуелноОхрид

Полициско возило удрило во малолетен велосипедист од Охрид

На 23.05.2022 во 22,50 часот во Охрид на ул.„7-ми Ноември“, во близина на бензинска пумпа патничко моторно возило “шкода“ сопственост на МВР удрило во малолетен велосипедист од Охрид.

По незгодата, велосипедистот бил пренесен во Општата болница Охрид. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Охрид и известен е Одделот за внатрешна контрола криминалистички истраги и професионални стандарди, се вели во билтенот на Министерството за внатрешни работи.

извор: МВР

фото: Архива