АктуелноОхрид

Пецаков: Наставниците и воспитувачите треба да добијат цела плата за деновите од штрајкот, Општина Охрид ќе подели цели плати

Наставниците и воспитувачите треба да добијат цела плата за деновите од штрајкот. Општина Охрид ќе подели цели плати и се надевам, дека и МОН го има истиот став, порача вчера Градоначалникот на Охрид д-р Кирил Пецаков.

Во меѓувреме, наставниците во охридските основни и средни училишта и понатаму се без плата, која претходно ја добиваа најдоцна до 15-ти во месецот. Според последните најави, тие сепак ќе примат цела плата, а за воспитувачите се’ уште не се знае, за што ќе продолжат преговорите меѓу СОНК и Министерството за труд и социјална политика (МТСП). За основните и средните училишта платите веќе се префрлени во министерството и деновиве се очекува да ги добијат.

Денеска е предвидена средба на претставници на СОНК во Министерството за труд и социјална политика на која ќе се разговара за дневниците, а ќе се одржи и средба во Министерството за образование од каде очекуваат да има договор и зголемување за над 12 отсто на платите во овој сектор, бидејќи изминува и 20-дневниот период на прекин на штрајкот.

извор: ОхридПрес