Од Пецаковoтo „Има да биде…има да направиме…има да сториме„ остана само ветувањe !
Почитувани охриѓани,
Изминаа 6 месеци од владеењето на Кирил Пецаков со Охрид, па така нашиот ни Градоначалник не може да се пофали со ништо што е сработeно во корист на граѓаните и неговите охриѓани, кои токму нему му ја дадоа довербата верувајќи му на ветувањата во предизборната кампања.
Со што да се пофали Пецаков ? Со ништо, освен со изгубени 6 месеци за охриѓани, кои луѓето ги поминаа во исчекување на ветените проекти од Пецаков и ДПМНЕ, истакна на денешната прес конференција портпаролот на ОО СДСМ Охрид Јован Крлев.
Во продолжение Крлев продолжи:
Каде Ви е ветеното, Господине Пецаков ?
Во Вашите интервјуа кажавте дека први на листата за реализација ќе бидат : тоооолку најавуваната велосипедска патека Охрид – Св. Стефан, реконструкција на плоштадот Крушевска Република, катна гаража за која толку гласни бевте, мултифункционални спортски игралишта кои ги најавувате кажувајќи дека најмладите се Вашиот приоритет, спортска сала во училиштето во с. Лескоец, нов парк и проширување на зелена зона на потегот од споменикот на “Ден Долард” до каналот Студенчишта. И со кој проект започнавте Вие досега ? Со ниту еден ! Ајде кажете им бар на граѓаните колку време Ви е потребно за да започнете со еден проект за да не бидат постојано во исчекување.
Или од ветеното единствено што исполнавте е задолжително фотографирање со Мицковски на веќе подготвени проекти од Вашиот претходник . Е лесно е човек да се сликате со проекти за кои на документ за нивна реализација Ваш потпис никаде нема. И она што милувате да си го припишите како Ваш проект , булеварот Мак. Просветители, е проект кој се финансира и имплементира од министерство за Транспорт и врски и Владата , а Општината се јавува само како корисник на проектот . Без тронка образ кажавте дека Општината ќе партиципирала со 50 милиони денари , за воља на вистината бандерите ги купивте и неколку шахти со јавните претпријатија дислоциравте ! Ама народот сака да го види она што го ветивте !!!!!!
Важно е дека Вие Вашиот замислен проект од кујната на раскошната Бела палата изградена со украдени народни пари ДПМНЕ си го завршивте ! Е браво Градоначалник ! Во време кога некои ги испраќате на 70 %, Вие важно вработивте повеќе од 50 нови лица во Јавните претпријатија и во Општината…а на вработените во образование упорно им го кочите процесот за трансформација на работниот однос на неопределено… тоа се луѓе на кои законски им следува таа трансформација !
Па си се договоривте вие во кујната од ДПМНЕ исто така да си скратите средства од буџетот за 2022 во делот капитални инвестиции наместо да ги скратите непродуктивните трошоци.
А додека снимавте видеа во предизборната кампања за тоа колку ги сакате и се заложувате за младите, што мислевте сега со тоа што им ги скративте средствата за стипендии на ученици за повеќе од 3.000.000 денари во споредба со претходната година? Знаете каков удар е тоа за нив ? Или најлесно е да се удри по најмладите ?
После рекордните износи на стипендии, Вие ги сведовте износите не смешни и за очи замајување .
Многу работи кои ги правите се забележуваат господине Пецаков, иако мислите дека не се гледаат. Исто како што се забележува и Вашето непостапување по закон кој предвидува отстранување на бесправно изградените објекти за што пак имате предвидено средства од 5.000.000 денари во буџетот на Општина Охрид.Што имплеметиравте од препораките за задржување на статусот во УНЕСКО ?
Зборувавте во кампања дека плажите не се решени затоа што претходната локална е неспособна и незаинтересирана.
Епа ајде господине Пецаков, решете ги плажите!
Дали сте свесен дека со Вашите непромислени изјави од типот плажите се неуредени и слично , правите антиреклама на градот , нанесувате штета на туризмот.
Замислете почитувани , првиот човек на градот , за својот сопствен град кој моментално тој го раководи кажува дека плажите биле неуредени, дека туризмот бил уништен !! За да се уредени воопшто не мора да има кафани … доволно беше да се погрижевте да поставите тоалети , соблекувални , клупи , чешми !
Охрид бил и пред Вас и ќе е и по Вас , Охрид бил преплавен од странски туристи кога немало шанкови на плажите , Охрид е многу повеќе од кафани и шанкови , Охрид е светско природно и културно богатство , Охрид е светост!
Градоначалниче Пецаков, Ви изминува еве веќе и седмиот месец од Вашето владеење со градот ! Редно е да започнете еднаш веќе конечно да правите нешто за Охрид, но започнете ги Вашите НАПИШАНИ и ПОДГОТВЕНИ проекти за кои што ГАРАНТИРАВТЕ, проекти кои ги ветувавте ! Каде се сега Вашите гаранции ?? Попусто Мицкоски од петни жили се труди да ја замачка неспособноста на неговите Градоначалници со блокади и барања за предвремени избори , ама граѓаните се сеќааваат што понудил Мицкоски и тоа и го очекуваат ! Ако го сакате Охрид, сакајте го со дела … а не со зборови.
извор: ОО СДСМ Охрид