После поминати скоро 7 месеци од локалните избори, сериозно е време ВМРО-ДПМНЕ да сфати дека на чело со градоначалникот Кирил Пецаков издвоија победа на изборите и го добија лидерството на градот и општината. Константин Георгиевски и СДСМ се во локална опозиција. Наместо градоначалникот Пецаков кој го гледаме присутен на сите смешни партиски настани во неуспешен обид да ги добие сите поени од “неспособноста на СДСМ и Константин Георгиевски” , време е да излезе на терен и да провери колку време не е санирана оштетената инсталација за наводнување на зеленилото на пешачкиот премин на улицата “Галичица” и улицата “Јане Сандански” и да се запраша дали случајно тоа има некаква врска со пропаѓање на шахтата.


Заедно со граѓаните, туристите и ние како партија во опозиција ги чекаме ВМРО-ДПМНЕ и Кирил Пецаков да ни ја покажат нивната способност. Барем да ги санираат сите дефекти, да ги средат тие малку улици и училишта што ги остави претходната “неспособна” власт и најважното – да ги среди плажите. 

Сите доволно слушнавме и прочитавме, редно време е да ја видиме реализацијата на нивните ветувања.
Центар за комуникации на ОО СДСМ Охрид