,,Учиме право,, клубот од Струга, на 14.05.2022 година (сабота) со почеток од 12 часот во салата на Советот на Општина Струга ќе одржи симулација на главна расправа на случаите „Заборави ако можеш“ и „Бакшиш“ инспирирани од македонската судска пракса.
Доколку сакате да го проследите настанот, Ве очекуваме да ни се приклучите. Заради ограничен број места, Ве замолуваме да го потврдите вашето присуство најдоцна до 13.05. (петок), на меилот zdruzenieakva@yahoo.com
Програмата Учиме Право како дел соработката на ЗРА „Аква“ и Младински образовен форум – МОФ / Youth Educational Forum -YEF е насочена кон неформална едукација на средношколците за владеењето на правото, правниот систем, институционалната рамка на Република Северна Македонија како и човековите права, информираат од ,,Учиме право,, клубот од Струга
Здружение ,,Аква,, од Струга со симмулација на главна расправа во Советот на општината
Редакцијамај 10, 2022
posted on