АктуелноОхрид

Камчев и Јосифовиќ ги смениле адресите на живеење од Скопје во Охрид, 8-те месеци затвор ќе ги одлежат во Струшкиот отворен затвор

Осудените Јордан Камчев и Ненад Јосифовиќ со признание на вина за првиот дел во „Империја“, ги смениле адресите на живеење од Скопје во Охрид и стекнале право место во отвореното одделение во „Идризово“, 8-те месеци затвор да ги одлежат во Струшкиот отворен затвор, објави СДК.МК.

„До Основниот кривичен суд Скопје на 05.05.2022 година од бранителите на Ј.К. и Н.Ј., осудените со пресудите врз основа на предлог спогодба во наведениот предмет, доставено е известување за промена на адресата на живеење и тоа од адреси во Скопје на адреси во Охрид. Судот по констатирање дека осудените лица во текот на постапката извршиле промена на адресата, согласно член 7 став 2 од Законот за извршување санкции, според кој надлежен суд за извршување на санкцијата е судот според местото на живеење, денеска го достави предметот на понатамошно надлежно постапување на Основниот суд во Охрид“, соопшти Кривичниот суд.

Текстот во целост на: СДК.МК.