среда, ноември 27, 2024
АктуелноОхрид

ОК ВМРО ДПМНЕ: Охриѓани се сведоци како изгледат криминалните проекти на СДСМ!

Ако СДСМ за ,,успешност” и ,,градежна офанзива” го сметаат ваквиот изглед и состојбата на улицата ,,Јане Сандански” со пропаднат асфалт тогаш навистина имаат проблем со тоа што значат зборовите успешност и градежна офанзива, се вели во соопштението од ОК ВМРО ДПМНЕ Охрид. Во продолжение од партијата додаваат:

Неспособноста на СДСМ и Константин Георгиески се виде претходно кога се крена асфалтот на улицата ,,АСНОМ”, потоа кога пропадна асфалтот на кружниот тек на улицата ,,Железничка”, и дефинитивно се докажа сега со улицата „Јане Сандански“ за која и претходно предупредувавме за неправилности.

Е вакви криминални проекти остави претходната Локална власт на СДСМ.
Заврши нивното криминално време кога пред избори се копаа и асфалтираа улици, сега со ВМРО-ДПМНЕ и градоначлникот Д-р Кирил Пецаков промените се гледаат и сега е вистинско време кога се реализираат проекти за Охрид.

Во Охрид секојдневно се работи и се решаваат проблемите на граѓаните.
Многу повеќе е направено за 6 месеци отколку за нивните 4 години.
Разликата во работата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ е очигледна и охриѓани ја гледаат.