АктуелноОхрид

Пецаков: Историскиот од на нашата Света црква е чувар на македонскиот народ како посебен , самостоен народ кои има своја култура, јазик, писмо, вера

Историскиот од на македонскиот народ се преплетува и со историскиот од на нашата света црква која е чувар на македонскиот идентитет, на македонскиот народ како посебен, самостоен народ кој има своја култура, јазик, писмо, вера.
Ја поздравувам Одлуката на заседанието на Светиот Синод на Вселенската Патријаршија, возглавен од Неговата Сесветост, Патријархот Вселенски г. г. Вартоломеј, со која ја признава нашата Црква Охридската Архиепископија за канонска, а со тоа отстранувајќи ја повеќедецениската шизма наложена врз нашата древна Охридска Архиепископија, возобновена во лицето на МПЦ-ОА.
Достојна почит и честитки за црковната јерархија предводена од Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан која постанува канонска и валидна во сеправославниот свет воспоставувајќи канонско и литургиско општење со неа.
Оспорувањето на автокефалноста на МПЦ-ОА е оспорување и на посебноста на македонскиот народ и македонскиот идентитет. МПЦ-ОА заслужува поддршка од сите нас за цврсто и смело да го изоди конечниот пат до автокефалност. Охрид бил и секогаш има да биде стожерот на МПЦ-ОА, а нашата црква – стожер на македонскиот народ и Македонија.
Радувај се, Свети Клименте, охридски светилнику!
-напиша во својата ФБ објава градоначалникот на Охрид Пецаков.