АктуелноВидеоОхрид

Американски товарни авиони слетаа на аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид

Два американски воени товарни авиони слетаа попладнево, нешто по 18:30 часот на аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид.

До овој момент нема потврдени информации за причините поради кои леталата пристигнаа во Охрид.

Неофицијално, станува збор за летала од типот Boeing C-17 Globemaster, кои се дел од воената вежба „Брз одговор 22“, најголемата воена вежба што досега се реализирала во Република Македонија.

Предвидено е учеството на 4.600 војници од 8 држави – членки на НАТО: САД, Велика Британија, Италија, Франција, Црна Гора, Албанија, Грција и земјата домаќин Република Македонија. Операцијата ќе се изведува на армискиот полигон Криволак и својот финиш ќе го има идниот четврток.

извор: ОхридПрес фото/видео: ОхридПрес