Во рамки на одбележување на Неделата на Црвениот крст под мотото „БИДИ ЧОВЕЧЕН“, Црвен крст Охрид во соработка со Службата за трансфузиона медицина-Охрид, на 10.05.2022 г. (вторник) од 10-14 ч. на Факултетот за туризам и угостителство, ќе организира крводарителска акција на која својата хуманост, дарувајќи крв можат да ја искажат студентите, наставниот кадар и вработените на факултетите во Охрид, но и секој заинтересиран наш сограѓанин.
Црвен крст Охрид