АктуелноОхрид

Во угостителски објект во Охрид затекнати повеќе малолетни лица од Охрид и Струга – констатирани и други неправилности

На 01.05.2022 година од 00 до 05 часот, полициски службеници од СВР Охрид и инспектори од Државниот пазарен инспекторат, Управата за јавни приходи и трудова инспекција, извршија контроли по угостителските објекти во Охрид. Притоа, во угостителски објект лоциран на улицата „Стив Наумов“ во Охрид, затекнати се повеќе малолетни лица од Охрид и Струга. При контролите, нспекциските служби констатирале повеќе недоследности во работењето од нивна надлежност. По овие основи, изречени се соодветни казни.