АктуелноОхрид

Потпишана повелба за соработка и збратимување на ИПА Охрид со ИПА Нови Сад

Синоќа, на свечена пригодна манифестација во Охрид, беше потпишана Повелбата за соработка и збратимување меѓу Интернационалната полициска асоцијација (ИПА) регион Охрид-Македонија и ИПА регион Нови Сад- Република Србија.
На свеченоста, како преставник од Општина Охрид, се обратив со поздравен говор и од името на Кирил Пецаков – Градоначалник на Општина Охрид и од мое лично име на високата ИПА делегација од Нови Сад, претставниците на другите ИПА региони, членовите на Управните Одбори им посакав плодни работни средби и добар престој во Охрид, градот на светлината, градот на сесловенската писменост и култура, македонскиот туристички бисер.
Меѓусебната соработка, како припадници на ИПА, но многу повеќе како припадници на полициските служби значи чекор плус кон подигнување на степенот на безбедноста во нашите средини и пошироко.
Јакнењето на искуството и соработката во рамките на ИПА значи и отвореност кон граѓаните за поефикасно остварување на полициските работни задачи.
Како дел од најголемата полициска организација во светот имате суштинска мисија, големи обврски, но и одговорности во насока на јакнење на заедничките едукативни перформанси што ќе резултираат со други форми за поцелосна и поуспешна сигурност за граѓаните не само во локалните средини, туку и пошироко.
Сакам да ви честитам на вашите ИПА заложби да се ставите во улога на сервис на граѓаните преку јакнење на професионална ИПА и полициска соработка, но и личното пријателство кое останува вечно.
Почитувајте се меѓусебно, соработувајте, давајте го максимумот за јакнење на вашите секции и региони, работете во интерес на вашите ИПА членови и пријатели, јакнете го личниот и професионалниот интегритет, духовниот, културниот и општествениот развој нашите општества и држави.
Општина Охрид е ваш пријател и тука сме за секаква подршка на активностите на ИПА Охрид кои се значајни за охриѓани, за нас како Локална Самоуправа, но и за пошироката заедница.
Свои пригодни обраќања имаа претседателот на ИПА Македонија, г. Робертино Ацески, претседателот на ИПА Охрид, м-р Стефан Димоски и претседателот на ИПА Нови Сад, м-р Милорад Петковиќ.
Во рамките на престојот во Охрид, високата делегација од ИПА Нови Сад, ги разгледа и најзначајните културно-историски знаменитости во градот и охридското крајбрежје
-напиша во својата ФБ објава советниот Перчо Божиноски.