петок, март 29, 2024
Uncategorized

Утре во Охрид бизнис форум во организација на маркетинг и менаџмент агенцијата Еуростеп

30 Април (сабота) со почеток во 11 часот во Хотел Инекс Олгица, Охрид, ќе се одржи бизнис форум на кој ќе се претстават разновидни организации, правни лица и агенции. Маркетинг и менаџмент агенцијата Еуростеп, свечено ќе го отвори форумот со претставување на нејзините маркетинг и менаџмент услуги од 11 часот до 12 часот. Во тој дел исто така ќе се разговара за пазарот на труд, можност за изнаоѓање кадри и решенија за дефицитарната состојба на човечки ресурси кај правните лица. Начнување на потенцијален увоз на работна сила во државата како и во останатите европски држави. Од 12 часот до 12:45 ќе биде претставена организацијата на M Fusion Festival, идните планови и чекори за туристичката состојба во државата. (1 час пауза) Од 13:45 до 14:30 Претставување на нови платежни системи и бизнис академија која покрај едукација нуди можност за заработка. Во 14:30 – 15:15 Претстава на домашни учесници на бизнис форумот од угостителската дејност кои нудат висококвалитетни услуги за своите гости, на ниво на светски туризам, професионалност и реномираност. Од 15:15 до 16:00 Претставување на проектот Минерва, почеток, содржина и општествено значење, обуки за жени и девојки над 18 годишна возраст.