АктуелноВидеаОхрид

(ВИДЕО) ОД СРЈШЧЕ ДО ПРИСТАНИШЧЕ – ново видео од Охридското Езеро

Ново видео од убавините на нашето езеро. Дрвената шина, кајчето на Срјшче, ендемични флора и фауна се убавините кои ги среќаваме додека одиме до Пристаниште. Температурата на водата е од 09°С до 13,5°С во плитките делови.
Направив и една фотографија додека снимав. Контраст, чист контраст, вели познатиот нуркач од „Акватек“ Никола Паскали. Тој упатува апел до сите:

-Еден апел до школите и учителите. Одете со децата секој викенд во природа. Секој викенд организирајте еколошки акции. Учите додека чистите. Многу може да се научи од џубрето, буквално има се и сешто и за секоја наука место. Еве петок да биде и настава во природа, на ледина.
МОРА СЕРИОЗНО ДА СЕ СВАТИ ПРОБЛЕМОТ СО ОТПАДОТ

ВО 21 ВЕК ЖИВЕЕМЕ СО ДЕПОНИИ ОКОЛУ НАС

СТОП ЗА ПЛАСТИКА ЗА ЕДНОКРАТНА УПОТРЕБА!

https://www.youtube.com/watch?v=sRQXmKecrbA