АктуелноНаш ИзборНаш изборОхрид

(ВИДЕО) Две години успешно опстојување на ЕКО ФАП и низа реализирани проекти

Иако опстојува само две години, зад себе брои големи реализирани дела и проекти.  Доброволно  противпожарно, еколошко и хуманитарно здружение ЕКО ФАП Охрид кое започнува да се формира според одредена идеја, веќе полека но сигурна стана бренд на Охрид.

 

-Уште од рано детство кај мене беше  присутна идеја за колекционирање стари возила  која почнав да ја реализирам преку собирање стари мотоцикли  и во овој момент истата брои 6 примероци. Сонот беше да поседувам и камион Фап 13, но за разлика од мотоциклите кои можат да се користат и за кратки излети, дефилеа,  секојдвенво користење низ гдар, камионот има специјална намена и како таков не е применлив за забава.  Одтука произлезе и моделот за негово користење, да го сопствувам, да не  се занимавам со комерцијлна дејност со него, но сепоак да има некаква употребна вредност низ секојдневниот живот. Тоа најдобро се реализира на овој начин кога наистиот му се даде употребна вредност, вредност како олдтајмер и едновремено и огромна короист за опшеството користејќи го како средство за организирање на акции за расчистување на диви депонии  првенствено на планината Галичица и на брегот на езерото, вели основачот на ЕКО ФАП Горан Устијаноски.

 

Токму тоа возило за кое зборува Горан досега има реализирано преку 40 еколошки акции и во истите е подигнат отпад во волумен од околу 450 м3.

 

Реализирани се  неколку донации на слични возила и тоа :

 

– ТППЕ на град  Скопје  , едно возило фап 13 , цистерна

-Општина Охрид – донација на две возила ФАП 13 , едно цистерна, другото навално возило , комбинирани, хемиско,

– Општина Ресен , едно возило фап 13  4х4 , цистерна

-Нискоградба Охрид , едно возило Фап 13 кипер со киран

-Коснозглобна болница Охрид   , автобус Санос с 314 , истакнува Устијаноски.

Сите возила се реставрирани со работна рака на членовите на самото здружение кое брои 15 члена а средствата за нивна реставрација се обезбедени од  поединци и фирми  кои се пријатели на еко фап и  Охрид.

Задачите на Здружението се следни :

– Доброволно организирање на еколошки акции за расчистување на диви депонии во Охрид

– Помош на населението при елементарни непогоди

-Помош при гасење на пожари во рамки на Општина Охрид

-Помош на социјално загрозени семсјетсва

– реставрација на возила кои во иден период ќе бидаи и од историско и културно значење во сферата

Идни планови :

– реставрација на уште 3 останати возила , од кои две противпожарни и едно за транспорт на растурен товар

– изнаоѓање решение за ставање  во  функција   на  комбиниран противпожарен  и работен брод  со цел проширување на дејствувањето на здружението на  вода  каде  постои огромна  потреба  од такво пловно средство.

– изнаоѓање на решение за обезбедување седиште на здружението  со свои простории за чување на возилата , како истите не би биле изложени на атмосферстви влијанија  со цел на продолжување на векон на нивната служба, а  исто така и  адекватно нивно одржување, додаваат од ЕКО ФАП.