Екипа од одделението за фекално и атмосферско одржување изврши чистење на ул. Димитар Влахов и ул. Кузман Јосифоски -Питу. При чистењето е извадено поголема количина цврст отпад .Апелираме до граѓаните да внимаваат на начинот и видот на отпадот кој го депонираат. Посебно апелираме да не се фрлаат влажни марамчиња и други женски хигиенски производи од кои во најголем број на случаи се појавуваат дефекти.
-информираат од ЈП Нискоградба Охрид.