АктуелноОхрид

ОК ВМРО ДПМНЕ: Христос Воскресна! Навистина Воскресна! Нека ни е среќен, бериќетен и благословен Велигден

ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид на сите православни христијани им го честита најсветлиот празник Воскресение Христово – Велигден.
Велигден ги спојува верата и традицијата, празник кој значи живот и надеж.
Христовото Воскресение со својата божествена моќ е пред сѐ и над сѐ смисла на постоењето и животна цел.
Да бидеме храбри и искрени!
Да се одбраниме од сите што ја порекнуваат македонската посебност и сето она што нам ни припаѓа!
Сите заедно да работиме за успешен и напреден Охрид и за исправена и зачувана Македонија!
Христос Воскресна!
Навистина Воскресна!
Нека ни е среќен, бериќетен и благословен Велигден, се вели во честитката од Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.