Го запознавме како најмлад советник во општина Охрид, потоа како голман во ракометниот клуб Охрид, пратеник во парламентот на Република Македонија, а денес е градоначалник на Охрид.
Во разговорот истакна дека иако во политиката е долги години никогаш не замислувал дека еден ден ќе биде градоначалник на Охрид, пред се на млади години.
Кирил Пецаков или попознат како Пецак гостуваше во утринската емисија „Магазин“ на ТВ Сител, каде зборуваше за приватниот живот, надвор од политиката.
Вели дека и покрај обврските кои ги носи функцијата, сепак секој слободен момент го користи за семејството и пријателите.
Целиот разговор погледнете го во видеото.