ОВР Струга поднесе кривична пријава против 58 годишен жител од струшкото село Драслајца поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“. Пријавениот, во својство на благајник-вработен во ЈЗУ „Завод за нефрологија“ во Струга, во периодот од 2018 до 2022 година, секој месец во различни износи вршел незаконско зголемување на својата плата со што, го оштетил буџетот на болницата, стекнувајќи се со противправна имотна корист од 342.317 денари.