Охридската Библиотека продолжува со одбележување на родендените на роднокрајните автори.
Во април родени се писателите и публицисти: Томе Момировски, Миле Волканоски, Куртиш Демироски- Незир, Боро Ситникоски, Веле Митаноски, Дамјана Видическа , Мишо Јузмески и Ѓоко Чингоски.
Изложбата со книги од нивното творештво е поставена на влезот во одделот за зајмување во библиотеката и може да ја погледне секој корисник на услугите на библиотеката.
Потсетуваме дека библиотеката за читатели е отворена од понеделник до петок од 8.30 до 18.30.
Годишната членарина за деца е 200 а за возрасни 300 денари.
НУ Библиотека