Од почетокот на годината зачестија акциите на Министерство за внатрешни работи / Мinistria e Punëve të Brendshme и Државен инспекторат за земјоделство / Inspektorati shtetëror për bujqësi против рибокрадците во Охридското Езеро. Според податоците споделени со јавноста, најголемиот број на акции се случија на источниот брег на езерото, додека отсуствуваат на северозападниот дел, од потегот Струга – Радожда, каде исто непречено делуваат рибокрадците, се вели во објавата од Охрид SOS.
„Пред неколку дена, наши сограѓани биле сведоци на криволов, во Свети Стефан. Веднаш пријавиле во МВР, а нивна служба пристигнала и ги фатила рибокрадците. Владата, министерствата, па и општините треба порешително да се справат со овој проблем. Веќе неколку години нема концесионер на Охридското Езеро. Институциите не покажуваат доволна спремност за зачувување на рибниот фонд, кој е доведен во опасност. Тоа е дел од природното наследство на Охридскиот Регион3, велат од Охрид SOS.