На 4-ти април 2022 година, во 12:30 часот во СВР Охрид било пријавено дека на локалниот пат во селото Оровник, општина Дебрца, патничко моторно возило марка „Опел астра“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 33-годишна жена од селото Оровник, удрило во 57-годишна од селото Оровник.
– Во несреќата жената се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Специјалната болницата „Св. Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид, информираат од МВР.