недела, ноември 24, 2024
АктуелноОхридПоследни Вести

Општина Охрид осветлена во сина боја – се вклучи во одбележувањето на Меѓународниот ден за поддршка на лицата со аутизам

Со осветлување на зградата на Општина Охрид во сина боја, Општина Охрид се вклучи во одбележувањето на Меѓународниот ден за поддршка на лицата со аутизам, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков.

Во продолжение ја пренесуваме објавата на градоначалникот во целост:

🔊 Околу 1% од светската популација се лица со аутистичен спектар на нарушувања. Се претпоставува дека 7 милиони луѓе во Европска Унија и околу 15 до 20 000 лица во Република Македонија имаат аутистичен спектар на нарушувања.
🔵 Со резолуција на Генералното обрание на Обединетите нации од 2007 година, 2 Април се одбележува како Меѓународен ден на аутизмот.
👉 Во рамки на надлежностите и можностите, Општина Охрид, финансиски и материјално ги поддржува организациите кои работат со овие лица.