недела, ноември 24, 2024
АктуелноОхрид

Фабрики од Украина префрлаат дел од производството во Македонија – машини веќе пристигнаа во ОДВ Електрик

Првите машини од фабриката на германската компанија за автомобилски делови ОДВ Електрик во Украина, пристигнаа во нивната фабрика која се наоѓа во технолошко индустриската зона кај Струга. За почеток ќе се префрлат 300 работни места. Не станува збор за вработените од Украина, туку за линиите и производствените процеси, објави VOA.

Една третина од вкупно 1.700 работни места колку што пред војната броела фабриката во Украина, ќе се префрлат во нивните фабрики низ Европа.

„Точно три недели по отпочнувањето на војната, ние првата линија овде ја имавме не само донесено, туку и инсталирано и почнавме со производство“, вели Огнен Цубалески, директор на ОДВ Електрик во Северна Македонија.

Цубалески објаснува дека уште на 24. февруари, кога започнала руската инвазија на Украина, заедно со колегите од останатите нивни фабрики низ Еропа го активирале планот Б за вакви ситуации, на кој веќе биле подготвени. Вели дека тешко одело извлекувањето на опремата од Украина.

Досега две странски компании, кои имале свои капацитети и во Северна Македонија и во Украина, сакале дел од истите да ги префрлат во земјава, вели Јован Деспотовски, директор на Агенцијата за технолошко индустриски развојни зони.

„Побараа од наша страна поддршка за олеснување на дел од процедурите за да едноставно се воспостават тука правните субјекти и да може да се пренесе дел од опремата. Ќе направиме се` да им го ослесниме трансферот на технологиите“, вели Деспотовски.

Сето ова ќе значи и потреба од дополнителна работна сила на пазарот на труд.

Текстот во целост на: VOA.