АктуелноОхрид

Струшкиот градоначалник не ја почитува одлуката на струшкиот Основен суд

Градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко, не ја почитува одлуката на струшкиот основен суд, со која тој го задолжи да го врати Ресул Хани на работно место раководител на Секторот за урбанизам во општината, тврди овој поранешен вработен во општината. Претходно во 2017 година, откако Мерко стана градоначалник, Хани и уште неколку други вработени, за кој Хани вели дека му биле политички неподобни на Мерко, ги распределил на пониски работни позиции.

„Кога нè однесе во бараките, актуелниот градоначалник ми даде нови работни задачи, ме ангажираше да работам како градежен инспектор, па потоа да бидам курир, да носам писма за наплата даноци и друго. Јас истите ги одбив, затоа што тие не беа предвидени со систематизацијата на работните места. Како градежен инспектор, јас не ги поседував потребните лиценци потребни за вршење на таквата дејност“, рече Хани.

Хани вели дека иако Мерко првично донел решение за да го врати за раководител, веднаш потоа донел ново решение со кое го суспендира од работното место. Образложението му било дека против Хани се води кривична постапка, но тој демантира.

„Денеска сум овде да докажам дека сите негови иницијативи кои тој ги презеде и сите постапки ги водеше, под наводници за злоупотреба на службена должност, денеска се докажаа дека сите тие постапки биле измислени од негова страна. А, јас имам правосилна судска пресуда со која сум ослободен од сите обвиненија покренати од негова страна“, додава Хани.

Хани најавува дека ќе покрене судски процес поради суспендирањето, но – како што тврди – и за мобинг од 2017 година до денес. Алсат го бараше градоначалникот Мерко за да ја слушнеме и неговата страна, но тој не одговори на нашите повици.

Алсат М