Македонската репрезентација вечерва во Порто го игра историскиот натпревар против Португалија за пласман на Светско првенство. На градскиот плоштад на видео-бим Охриѓани, но и гостите го следат натпреварот. Меѓу навивачите има и Португалци кои навиваат за својот тим. Дознаваме дека гостите се во Охрид преку ЕРАЗМУС програмата и ја искористиле можноста натпреварот да го следат во убава спортска атмосвера.