АктуелноОхрид

(ФОТО) Авторката на скулптурата „Весна“ во метеоролошка станица: Очите и се сини и асоцираат на ведро небо без облаци

Во рамките на одбележувањето на Светскиот метеоролошки ден, пред Метеоролошката станица во Охрид беше откриена скулптура, наречена „Весна“ по старословенската божица на пролетта и убавината. Скулптурата е висока 3 метри и е дело на Даниела Илијоска. Авторката на скулптура за своето дело вели:

„Весна е старословенска божица на младоста и природата и имала на власт да ја чува сончевата топлина а исто така да ја обнови природата. Таа е жена бидејќи зборот метеорологија е од женски род а исто така и повеќето развиени циклони имаат женски имиња. На жената ако и се каже еден лош збор се разбеснува, исто така и во воздухот ако долета негативна честичка времето се расипува. Црвениот фустан асоцира на црвените облаци кои се јавуваат на изгрејсонце и зајдисонце укажуваат на силен ветар. Косата и е руса бидејќи жените со светла коса најмногу ја чувствуваат промената на времето. Шишарката е постојана и постојано се движи, на топло се отвора а на студено се затвара. Чадорот е заштита на која во секакви услови човекот опстанале. Очите и се сини и асоцираат на ведро небо без облаци“, вели Илијоска.

фото ФБ Даниела Илијоска