недела, ноември 17, 2024
АктуелноНаш ИзборНаш изборОхрид

Делегација од општина Охрид оствари средба со градоначалникот на Јалова

Во рамки на работната посета на Република Турција, делегацијата на Општина Охрид, предводена од градоначалникот Кирил Пецаков и претседателот на Советот на Општина Охрид Сашо Донев, денес, оствари средба со градоначалникот на збратимениот град Јалова, Мустафа Тутук.

На средбата беше разговарано за актуелни теми, како и за продлабочување на соработката помеѓу збратимените општини. Беа разменети мислења за туризмот и предизвиците со кои се соочува настанати како последица на кризните временски неприлики, а беа разменети и идеи за нивно надминување и привлекување на туристи за претстојната туристичка сезона. Беше разговарано и за размена на искуства во областа на образованието.

Инаку ова е прва официјална посета на градоначалникот Кирил Пецаков во Република Турција.