Екипа од одделението за фекално и атмосферско одржување во рамките на своите активности врши проверка и чистење на шахтите на ул. Богомилска. Апелираме до граѓаните да внимаваат на начинот и видот на отпадот кој го депонираат. Посебно апелираме да не се фрлаат влажни марамчиња и други женски хигиенски производи од кои во најголем број на случаи се појавуваат дефекти.
-информираат од ЈП Нискоградба Охрид.