Во текот на вчерашната вечер, 8-ми и 9-ти март 2022 година, во периодот од 18:00 до 02:00 часот спроведена е зајакната акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол на територијата на Република Македонија.
При тоа се санкционирани 65 возачи, од кои 20 на територија на СВР Скопје, 10 на територија на СВР Охрид, осум на територија на СВР Битола. Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, информираат од МВР.