АктуелноОхрид

22 возачи во Охрид управувале моторно возило со брзина поголема од дозволената

На 27.02.2022 година, при сообраќајни контроли извршени од 13 до 18 часот, полициски службеници во Охрид затекнале 22 возачи кои управувале моторно возило со брзина поголема од дозволената (14-надвор од населено место и 08-во населено место). При извршените контроли во Кичево, 19 возачи биле сопрени и санкционирани поради надминување на дозволената брзина во населено место.