АктуелноНаш изборНаш ИзборОхрид

Бесплатна проекција на Едукативно-документарен филм

Здружението за екологија и туризам „ЕКОТУРИЗАМ 2016“ Охрид  организира бесплатни проекции на едукативно – документарниот филм „Белчишко Блато – синиот бисер од Дебрца“.  Ги покануваме сите граѓани и гости на 13-минутно визуелно уживање и незаборавна прошетка низ природата од недопрените предели на блатото. Настанот е во соработка со ТЗЦ „КАМ Вилиџ“, во чии простории ќе се одржуваат проекциите. Филмот има цел да им го открие на охриѓани одблиску Белчишкото Блато (Сини Вирој), за кое започнува процедурата за прогласување за заштитено подрачје на овој важен екосистем во охридскиот регион.

Проекциите започнуваат утре – сабота (26 февруари) со почеток од 16.00 до 18.00 ч., а ќе продолжат во понеделник (28 февруари) и вторник (1 март) во истиот временски период.

 

Еко туризам Охрид