Во вечерашното емисијата „Трилинг“ на Телевизија 24, гостуваше градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков кој во однос на прашањето за урбаната мафија и уредувањето на плажи, истакна дека беззаконието во Општина Охрид веќе горе доле е завршено и уредувањето на плажите ќе оди според планот за охридското крајбежје.
Беззаконието во Општина Охрид веќе горе долу е завршено со планот за управување со Охрид. Хаосот што со години се генерираше во Охрид сега веќе е ставен во една рамка и се функционира по точни и прецизни правила. Повеќе не мора да се грижиме по однос на урбаната мафија и дивеење, посочи Пецаков.
Пецаков додаде дека на Охрид како туристички центар потребно му е уредување на плажите. На кои места како и каде ќе има уредување на плажите ќе одреди планот за охридското крајбежје.
Охрид во догледно време ќе има уредени плажи, а во моментот кога тие документи или таа можност ќе стигне до нас. Од страна на Агенцијата за просторно планирање за добивање на документи за плажите во Охрид моментално не излегуваат во пресрет и не знам дали тоа е намерно или случајно, заклучи Пецаков.