АктуелноОхрид

Пред влез на хотел во Струга, пукано од огнено оружје

На 25.02.2022 година околу 14 часот, во ОВР Струга пријавено е дека на влезот во хотелски објект на улицата „Партизанска“ во Струга, било пукано од огнено оружје. Повредени лица нема, во моментов се врши увид и по насока на Јавен обвинител и се работи на расчистување на случајот.