вторник, ноември 26, 2024
АктуелноНаш изборНаш ИзборОхрид

Водостојот на Охридско езеро зголемен

По првичното зголемување за два сантиметра од пред два дена, денеска повторно е зголемен водостојот на Охридското Езеро но сега за еден сантиметар, додека нивоата на останатите две природни езера се исти како вчера, покажуваат резултатите од последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Сепак, и покрај тоа водостојот на Охридското Езеро е за девет сантиметри понизок од повеќегодишниот просек за февруари. Пониско од просечното и тоа за 1,63 метри е и нивото на Преспанското Езеро и е на три сантиметри под апсолутниот минимум од 842,25 (мнм). Водостојот, пак, на Дојранското Езеро е за 2,89 метри повисок од просекот за овој период од годината.

Пониски од просечните се и нивоата на речиси сите реки во земјава. Исклучок се реките Пчиња, на мерното место кај Катлановска Бања, Бабуна кај Богомила и Струмица кај Сушево каде водостојот е малку повисок од просечниот

 

ухмр