News1.mkАктуелноМакедонија

Бочварски: Законот за дивоградби заглавен во собраниска процедура

Законот за дивоградби е во собраниска процедура. Ако Парламентот е подготвен за дебата, тука сме да ги отвориме сите прашања, рече денеска министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски.

Бочварски истакна дека законот е целосно преправен и корегиран, како и дека се земени предвид предлозите на граѓанските здруженија и организации.

-Државата е исправена пред овој предизвик, да се донесе законот. Ние целосно го преправивме. Направивме и многу други чекори со кои ги послушавме и испочитувавме граѓанските здруженија и организации за законот да биде прифатлив и за граѓаните и за Парламентот. Законот е веќе во собраниска процедура, а ако Парламентот е подготвен да дебатираме, тука сме да ги отвориме сите прашања зашто законот е потребен и за националните и за општинските инфраструктурни проекти, но пред се за граѓаните кои сакаат да ги стават во легална рамка своите објекти. Кога ќе бидеме повикани како Влада, ќе бидеме во Собранието за да дискутираме за подобрување и донесување на законот. Заглавен е во Собрание и очекуваме дискусија на комисиска расправа, рече Бочварски.