петок, ноември 22, 2024
АктуелноНаш ИзборНаш изборОхрид

Вреќи со градежен отпад на среде плажа во Трпејца

Пред две седмици добивме фотографии од Трпејца, На Дол, каде веќе два месеци на самиот брег е оставен градежен шут во вреќи, кои според нашиот извор за брзо ќе се распаднат и постои опасност содржината да заврши во езеро.
Доставивме веднаш претставка до инспекторатот при Општина Охрид. Баравме да утврдат кој го оставил ова на брегот, дали е од реновирање на некој објект и дали се градежните работи извршени со дозвола. Нагласивме итно да се побара подигање и соодветно депонирање на вреќите. Баравме и построги мерки со оглед дека ако не се реагираше отпадот ќе останеше на брегот којзнае колку време. Доколку прекршителот е непознат, инспекторатот да побара Општина Охрид да ја преземе обврската за отстранување на отпадот.
Денеска добивме ажурирани фотографии (кои ги споделуваме), каде стравувањата на нашите сограѓани се обистиниле. Вреќите се веќе во вода. Никој нити реагирал, нити добивме одговор на претставката, нити пак нешто се променило. Апелираме до Ј.П. ,,Охридски Комуналец” – Охрид и Кирил Пецаков – Градоначалник на Општина Охрид итно да изреагираат и овој градежен отпад да се отстрани од местото. Бараме од инспекцијата да се активира и оној кој депонирал нека плати за таа активност на јавното претпријатие, а доколку се работи за нелегални активности, нека има и санкции. Не може кој како сака да остава градежен шут каде не е место, на самиот брег на езерото, пишува во ФБ објавата од Охрид СОС.