АктуелноНаш ИзборНаш изборОхрид

(ФОТО) ОУ Григор Прличев го одбележа својот Патрон

Со полагање ловоров венец и свежо цвеќе на спомен бистата на Григор Прличев и со пригодна свеченост, училиштето го одбележа својот Патронен празник.
Пред присутните гости, претсатвници од Локалната самоуправа и институциите, родителите, наставниците и учениците, поздравен говор одржа В.Д. Директорката на училиштето Лилјана Ефтимовска .
Настапот на училишниот хор, читањето на литературните творби од првонаградените ученици и ликовната изложба во чест на Прличев, уште еднаш потврдија дека Прличевото дело и понатаму продолжува да живее преку неговите следбеници.
-истакнуваат од ОУ Григор Прличев Охрид.