АктуелноОхрид

Со културната манифестација „Прличеви беседи“ во Охрид почнуваат свеченостите за одбележување на 129-годишнината од смртта на Григор Прличев

Со културната манифестација „Прличеви беседи“ од денеска во Охрид почнуваат свеченостите и збиднувањата за одбележување на 129-годишнината од смртта на големиот охридски и македонски поет и преродбеник Григор Прличев.Во рамките на манифестацијата Делегација на Општина Охрид предводена од претседателот на Советот, Сашо Донев положи свежо цвеќе пред споменикот на ООУ „Григор Прличев“ коешто денес го одбележува својот патронен празник, напиша на својот ФБ профил градоначалникот Кирил Пецаков.