АктуелноНаш ИзборНаш изборОхрид

Јавен повик за рапределба на буџетски средства од програмата за спорт и рекреација

Градоначалникот на Општина Охрид донесе решение по јавен повик за распоредување на буџетските средства од програмата за спорт и рекреација од буџетот на општина Охрид за 2022 година за финансирање програми од спортски клубови, спортски здруженија, спортски манифестации, спортисти и други правни лица од областа на спортот на територијата на општина Охрид, со што општина Охрид ја изразува својата подготвеност за поддршка и развој на еден од најважните социјални елементи на нашето општество, спортот.