АктуелноОхрид

(ФОТО) Младинската екипа на белградскиот фудбалски клуб Црвена Звезда на подготовки во Охрид

Од денес до крај на месецов подмладокот (младинска и пионерска категорија) на белградскиот фудбалски клуб Црвена Звезда ќе е на подготовки во Охрид. За време на зимските подготовки тимовите ќе изиграат и неколку припремни пријателски натпревари со соодветните категории на нашите фудбалски второлигаши.

Инаку од ЈП Билјани извори известива дека се максимално посветени кон фудбалската инфраструктура и нејзината подготовка за сите фудбалски корисници.
После врнежите од снег главниот фудбалски терен “Билјанини Извори” и помошниот терен со вештачка трева спремни за тренинзи и натпревари во рекордно време.