На 28.01.2022 година во 06.20 часот, на магистралниот пат Охрид-Кичево, кај влезот за аеродромот во Охрид, патничко возило „Голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.К.(64) од Скопје излетало надвор од коловозот, соопшти Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.
-Во несреќата, притоа, возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. Увид извршија полициски екипи од СВР Охрид, истакна Димоски.