АктуелноОхрид

СВР затекнала 7 возачи кои управувале моторно возило под дејство на алкохол, од нив 3 во Охрид

На 28/29.01.2022 година од 22 до 03 часот, при извршени сообраќајни контроли на подрачјето на СВР Охрид, полициски службеници затекнале 7 возачи кои управувале моторно возило под дејство на алкохол (Охрид-3, Струга-1, Кичево-2, Дебар-1). Тие веднаш се исклучени од сообраќај, одземени им се возачките документи и поднесени им се соодветни платни налози.