СВР Охрид поднесе кривична пријава против лице на возраст од (62) години, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправна градба“.
Пријавената, на катастарска парцела во с.Пештани, без да поседува правосилно одобрение за градење издадено од надлежен државен орган и спротивно на другите одредби од Законот за градење, изградила објект за домување. При инспекциски надзор извршен на 05.01.2022, овластен градежен инспектор при општина Охрид, донел решение за отстранување на градбата.