АктуелноНаш ИзборНаш изборОхрид

Црвен крст спроведува обуки за негувателки и негуватели

Црвен крст Охрид е овластена организација за спроведување на обуки за Негувател/ка за помош и нега на
стари лица и лица со попреченост во Охрид и Дебрца, согласно верификувана програма од страна на
Центарот за образование на возрасните и Министерството за образование и наука на Република Северна
Македонија.
Со цел развивање на услугите за долготрајна нега на стари лица и лица со попреченост од страна на
квалификуван и професионален кадар, Црвен крст Охрид организира обука за негувател/ка на стари лица и
лица со попречености. Обуката, која содржи теоретски и практичен дел, трае 3 месеци, а ќе се реализира во
простории на Црвен крст Охрид, прилагодени и опремени со потребната опрема и помагала и со почитување
и примена на соодветните протоколи за заштита од Ковид-19. Обуката ќе ја изведува наставен кадаредукатори (доктор по медицина, медицинска сестра, социјален работник и дефектолог), пет дена во неделата,
во период заеднички договорен. По успешно завршената обука кандидатот се стекнува со соодветен
меѓународно признат сертификат за Негувател/ка за помош и нега на стари лица и лица со попреченост.
Заинтересираните кандидати на возраст од 18-60 години, ќе можат да добијат повеќе информации и искажат
интерес за обуката со јавување на еден од телефоните 046 261909 и 070 315309, на е-маил:
ohrid@redcross.org.mk или во просториите на Црвен крст Охрид.
Конкурсот за пријавување на кандидати за обука на Негувател/ка за помош и нега на стари лица и лица со
попреченост ќе биде отворен од 24.01. до 04.02.2022.
Ги очекуваме сите оние кои имаат желба и потреба да стекнат вештини и знаења за помош и нега на стари
лица и лица со попреченост и се стекнат со меѓународно признат сертификат за негувател/ка. Со тоа стануваат
дел и од тимот на негуватели во Центарот за нега при Црвен крст Охрид.