сабота, ноември 23, 2024
АктуелноНаш ИзборОхрид

(ФОТО) Мобилизирани се сите оперативни служби – Охрид се расчистува од снегот

Се расчистуваат јавните површини, пешачките патеки и тротоарите.
Мобилизирани се сите оперативни служби со цел полесно и побрзо справување со снежните врнежи. Покрај сообраќајниците, снегот се расчистува и од јавните пешачки површини со цел да се обезбеди непречено движење на граѓаните, вели градоначалникот Кирил Пецаков и додава:
Се расчистува снегот од тротоарите вдолж „Булевар Туристичка”, централното градско подрачје и Стар Град.
Ги потсетуваме граѓаните и правните субјекти за законската обврска која ја имаат согласно Законот за јавна чистота да го чистат снегот пред влезовите на своите домови и објекти со што ќе се обезбеди непречен пристап до нив.