АктуелноНаш изборНаш ИзборОхрид

Сообраќајна незгода на регионалниот пат Струга – Дебар

Едно лице е повредено во сообраќајна незгода што синоќа се случила на излезот од Струга, на регионалниот пат Струга – Дебар.

СВР Охрид денеска соопшти дека во незгодата учествувале две патнички возила „голф”, и „мерцедес” со струшки регистарски ознаки.

– Вчера во 20.30 часот на регионалниот пат Струга – Дебар, случена е сообраќајна несреќа меѓу „голф”, управуван од  лице на  (37) години од Струга и „мерцедес”, управуван од лице на (25) години  од струшкото село Ложани, двете со струшки регистарски ознаки. Во несреќата едното лице  се здобило со тешки телесни повреди констатирани во Општата болница во Струга, велат од СВР Охрид.

На местото на несреќата, увид извршиле јавен обвинител и полициски екипи.