АктуелноОхрид

ОК ВМРО ДПМНЕ: Да го спознаеме Бог во Троица, за да станеме богопросветлени

ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид упатува искрени честитки до сите верници од православна вероисповед по повод големиот христијански празник Богојавление – Водици.
Водици е празник на Божјото просветление. На Водици се случува осветување на богојавленската вода и полагање на крстот во водите. Исус Христос со крштевањето во водите на Јордан го очистува и го осветува извалканото човештво. Исусовото крштевање е поттик да ја следиме верата и да го негуваме покајанието.
Да го спознаеме Бог во Троица, за да станеме богопросветлени.
Да бидеме здрави и живи, вредни и трудољубиви за напредок на Охрид и Македонија.
Нека е за многу години празникот Богојавление – Водици!
Бог се јави!
Навистина се јави!

Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид